#Ретвитни оброк ќе го прослави својот четврти роденден. Група волонтери со готвење, приготвување, делење храна на социјалните и бездомни категории на граѓани во Скопје, заеднички со граѓаните, преку апел да не се фрла храната, донираат зготвени оброци од дома кои ги носат пред платото на Мајка Тереза во сабота и ја донираат на луѓе кои не можат да си обезбедат пристоен оброк.
Приказната на „Ретвитни оброк“ започна на 4. 4. 2015 година, па решивме четвртиот роденден да го одбележиме на еден поинаков начин.
Настанот ќе се случува во кафе и филм „Котур“ со почеток од 11 часот. Ќе има групно готвење и пакување на оброците, но и многу дружење и забава.
Секој од вас е добредојден да дојде и да помогне, а може и да се трампаме. Како? Вие ни носите намирници или зготвен оброк, ние ви даваме маичка со логото на „Ретвитни оброк“.
За музика ќе бидат задолжени дечките од „Funky Fresh“ ( DJ Drazi Drags, Dj Oky Doky и DJ ILIC ), а во кино салата на „Котур“ ќе го пуштаме и краткото филмче за „Ретвитни оброк“ во продукција на ТВ Телма.
Дојдете во сабота, на 6. април да ги дувнеме свеќичките, да готвиме заедно и да им помогнеме на тие на кои им е најпотребно!