ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Попладне на места нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 1 до 9 степени, а дневната ќе биде меѓу 9 и 19 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд. Утринската температура се спушти до 6 степени, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на град. Утринските температури ќе бидат во опаѓање.

За време на викендот ќе настапи стабилизирање на времето.