Стеријовска: На 19-ти јуни граѓан(к)ите ќе ја земат правдата во свои раце!

Сподели

sterio

Шарената револуција го започнува последното одбројување. Во разговор за ЦИВИЛ Медиа,Ирена Стеријовска, една од најшарените револуционерки, која секојдневно со својот активизам придонесува кон ширење на идејата на Шарената револуција, информираше за активностите предвидени за следните денови.

„Овие два дена продолжуваме со одбројувањето. За денеска организираме протест, утре блокади на мостовите во Скопје. Ние одбројуваме, иако гледаме дека Уставниот суд не го почитува  ултиматумот зададен од наша страна”, изјави Стеријовска, во контекст на информацијата дека на дневниот ред на Уставниот суд за денешната седница, не е предвидена точка за оценка на уставноста на СЈО.

„Ние продолжуваме со нашата агенда… гледаме дека и прогоните не престануваат. Нашиот другар Павле Богоевски вчера заработи прекршочна пријава. Покрај тоа што двајца од нашите другари се пуштени од домашен притвор,  кривичните за неколкумина од нас не се повлечени, а прекршочните пријави не престануваат да пристигнуваат. Што значи, на 19-ти јуни  граѓанките и граѓаните ќе си ја земат правдата и демократијата во свои раце. ”

Протестот денеска започнува во 18.00 часот пред СЈО. За утре најавена е блокада на мостовите „Гоце Делчев“,  „Слобода“ и „Мајка Тереза“ (кај МАНУ), во 12.00 часот.

Како што информираше Стеријовска, повикот и информацијата за тоа што ќе се случува на 19-ти јуни, Шарената револуција ќе го објави наскоро.

http://civil.org.mk/2016/06/15/striovska-na-19-ti-uni-graankit-a-zmat-pravdata-vo-svoi-raz/?lang=mk