Почина Благородна Дулиќ екс-пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Екс-пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благородна Дулиќ денеска почина на 78 годишна возраст. Таа беше пратеник во Собранието од 2006 па се до 2014 година. Дулиќ беше член Републичкиот судски совет, судија на Врховниот суд на РМ и на Стопанскиот суд.

Родена е во Кочани во 1941 година. Дулиќ ќе биде погребана утре, на градските гробишта во Бутел во Скопје.