ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денешниот ден ќе помине во знакот на стабилно и суво време иако попладне само на планинските места има услови за сосема локализиран и слаб дожд.

Почнувајќи од утре попладне и тоа од западните предели а веќе од понеделник и во најголем дел од државава и тоа поради интензивното влијание на моќниот циклон АНДРЕА кој го зафаќа регионот ќе има значително дестабилизирање на атмосферата односно облачноста ќе се зголеми и ќе има поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни грмежи, силен ветер и појава на град, од утре попладне па во следниот период локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 50 л/м2) и токму ова може да услови и локални поплавувања или пак зголемување на нивоата на реките и на езерата низ државава. Исто така поради падот на температурите на воздухот на високите планини очекуваме и нови врнежи од снег.

Славчо Попоски