AКУД „Мирче Ацев“ денеска одбележува 70 години од своето постоење

Сподели

 

Денеска во Домот на АРМ, Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ ќе одржи целовечерен свечен концерт по повод одбележување 70 години постоење од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

На концертот ќе настапат фолклорниот и хорскиот ансамбл на друштвото како и неговиот народен оркестар. Солистка ќе биде познатата пејачка Елена Петреска.

 

Во текот на следниот период се предвидени голем број настапи и концерти, а во летниот период, пак, во план е и одржување на 40-то издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

Концертот на 20. мај, во Домот на АРМ е со почеток во 19:30 часот.