Работилницата е дел од заедничките заложби на ЦИВИЛ, основните и средни училишта од Велес, локална самоуправа и полицијата за јакнење на јавната свест и граѓанска едукација на локално ниво против насилниот екстремизам.
На работилница се предвидува учество на околу 20 деца од повеќе средни и основни училишта во Велес што заеднички ќе сликаат на теми „Човекови права и слободи“, „Мир и ненасилство“, односно сѐ што симболизира мирно и здружено решавање на конфликти преку дијалог и разбирање.
Работилницата ќе биде проследена со видео проекции, музика, доделување симболични награди за учесниците на работилницата, како и благодарници до учесниците во проектот од Велес.
Свои обраќања ќе имаат и претставник на Општина Велес, како и претставници на ЦИВИЛ и СВР Велес, во завршниот дел од работилницата по 14 часот.