Пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов денеска ги повика своите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за одземање на мандатот на Никола Груевски, пратеник и поранешен премиер кој избега во Унгарија и доби азил.
„Исто како Груевски, и Мицкоски сака да префрла одговорност на неговите пратеници кога му е тешко да соопшти јасна одлука и став“, рече Костадинов и додаде дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не собрал храброст јавно да ја соопшти одлуката
ИК на ВМРО-ДПМНЕ по синоќешната седница апелираше до пратениците за мандатот на Никола Груевски да постапат според законот и Уставот.
– Доколку се исполнети условите согласно закон и Устав за престанок на мандатот на Никола Груевски тогаш апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието да постапат согласно законите и Уставот – соопшти ИК на ВМРО-ДПМНЕ.