Жбогар го врачи Извештајот од ЕК на Пендаровски, Заев и Џафери

Сподели

 

Европската комисија препорача почеток на преговорите со Северна Македонија. Ви честитам за тоа и за напорите и посветеноста, но и за жртвите што ги направивте во изминатиот период.

Ова го истакна евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешната прес-конференција во седиштето на Делегацијата на Европската унија во Скопје, по повод извештајот на ЕУ за напредокот за членство.

-Она што денеска го презентираме не е само вообичаен извештај за напредокот, туку и извештај за исполнетите услови поставени од државите-членки на ЕУ во јуни лани. Еврокомерсарот Хан кажа јасно дека земјата ја искористи шансата што и беше понудена и ја спроведе поставената амбициозна агенда – рече Жбогар.

Тој додаде дека Владата направила напори во процесите да бидат вклучени сите чинители, а парламентот одиграл конструктивна улога.

„Државата продолжи со посветеност во подобрување на судскиот систем, а спроведувањето на новата законска рамка претставува цврста основа за континуираниот напредок. Освен правните промени, сите судски институции треба да придонесат за возобновување на довербата на јавноста во судството. Дополнителни напори се потребни за намалување на ризиците од политичко влијание“, рече Жбогар кој го потенцираше и значењето на новиот Закон за јавно обвинителство, за истрагата на криминалните дела поврзани со прислушуваните разговори да продолжат.

Евроамбасадорот истакна дека државата продолжува да го подобрува своето досие и во однос на истрагите и гонење на случаи на голема корупција.

„Дополнително новата законска рамка за спречување на корупција се подобрува. Назначувањето на новите членови во Државната комисија за спречување на корупција е далеку потранспарентнo направена отколку претходните години. Комисијата презема значајни чекори за да може активно да се бори против корупцијата која вклучува високи функционери“, додаде Жбогар.

Во однос на слободата на медиумите и изразувањето тој рече дека таа продолжи да се подобрува.

„Сепак државата треба да вложи трајни напори за подобрување на независноста на јавниот дифузер како и негова финансиската одржливост. Од суштинско значење е и јавните служби, политичките елити да демонстрираат високо ниво на толеранција во однос на критиката, во однос на задржување на слободата на изразувањето“, дополни Жбогар.

За правосудството во извештајот се вели дека е постигант добар напредок во однос на адресирање на реформските приоритети, препораките содржани во Венецијанската комисија и Прибе .

„Државата започна реформи во разузнавачките служби во соработка со НАТО и останатите партнери. Законската рамка за воспоставување на национална безбедносна агенција е усвоен. Напредок е постигнат и во спроведувањето на реформите во јавната администрација. Почитувањето на принципот на транспарентноста за вработување во однос на заслуга останува и понатаму. Имаме наводи за непотизам и политички назначувања“, додаде Жбогар.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/2440098999445284/