Апелација одлучи: Богоевски не ги наклеветил Ахмети и Џафери во случајот „Маѓар Телеком“

Сподели

 

Апелациониот суд денеска донесе одлука според која поранешниот разузнавач Слободан Богоевски не ги наклеветил лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот вицепремиер, Муса Џафери, против кои сведочеше во случајот „Маѓар Телеком“. Судот ја прифати жалбата на Богоевски и донесе одлука дека тужбата на Ахмети и на Џафери била недопуштена.

Ахмети и Џафери ја поднесоа тужбата откако Богоевски во исказ пред њујоршкиот суд навел дека на двајцата функционери на ДУИ им било исплатено мито од „Маѓар телеком“ во износ од по 2,5 милиони евра во 2005 година.

Ахмети и Џафери во тужбата бараа отштета од 90.000 евра, но во пресудата која денеска беше јавно објавена во Апелацискиот суд пишува дека тужителите Ахмети и Џафери немаат право на отштета.