МАКЕДОНИЈА – Времето претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност, а попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се движи од 11 до 19, а максималната од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.
Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бидат во благо опаѓање.