Претседавачот на ОБСЕ, Лајчак во посета на државата

Сподели

 

Претседавачот на ОБСЕ и Министер за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак, денеска и утре е во посета на државата.

„Лајчак ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, заменик премиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој ќе оствари средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседавачот на ОБСЕ ќе се сретне и со претставници на граѓанскиот сектор од Северна Македонија и ќе го посети Заводот за рехабилитација на деца и младинци- Скопје, каде што ќе има прилика да разговара со децата кои учествуваа во проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, „Градиме мостови““, информираат од ОБСЕ.