НАС: Секој четврти припадник на академската заедница верува дека има универзитетска автономија

Сподели

Според новото истражување спроведено од Независниот академски синдикат (НАС), едвај секој четврти припадник на академската заедница верува дека во земјава е целосно остварена универзитетска автономија. Односно, како што велат истражувачите, тоа е последица на перцепцијата дека постои влијание врз раководствата на високообразовните установи од страна на властите. Истражувањето, кое е финансиски поддржано од Фондацијата Отворено општество – Македонија, иако спроведено во период кога се уште не се спроведува целосно новиот закон за високо образование, а сфаќањата на академската фела генерално се базираат на поранешните закони, сепак дава можност да се стекне претстава на нивото на автономијата на универзитетите, велат од НАС.

„Согласно поставените индикатори од страна на Европската универзитетска асоцијација (EUA), оценката укажува на тоа дека нашата земја би била најдобро рангирана во однос на академската автономија и организациската автономија, послабо рангирана во однос на кадровската автономија, и најслабо рангирана во однос на финансиската автономија“, се нагласува во заклучокот од истражувањето.

Како посебно позитивна измена од новиот закон за високо образование е истакнат новиот принцип на избор на ректор, кој сега ќе го врши целата академска заедница, а како проблем се гледа тоа што универзитетите пари како јавно финансирање добиваат од државниот буџет, што многу им го усложнува финансиското работење.

Идентични проблеми има и во поглед на пополнувањето со кадри.

Целосното истражување може да се прочита тука.