Државната комисија за спречување на корупцијата, во врска со Предлогот за избор на членови на Владата на Република Северна Македонија со бр 08-2072/3 од 23.06.2019 година, доставен до Собранието на Република Северна Македонија, со кој Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев е предложен за министер кој ќе раководи со Министерството за финансии, смета за потребно да укаже на следното:
Согласно член 72 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси:
„Службеното лице во своето работење е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да превземе мерки за негово избегнување„
Согласно член 44 став 1 и 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интерес.
Избраното или именуваното лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитуваа правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите“ и „Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други Функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија или органите на локалната самоуправа се хеспојливи една со друга.
Имено, во случај кога претседателот на Владата на Република Северна Македонија би се избрал за министер за финанции ќе настане повреда на горецитираните одредби при што Државната комисија ќе биде принудена да превземе конкретни мерки согласно нејзините надлежности утвдени во Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.