Груевски на суд во Будимпешта- ќе се пресуди ли за екстрадиција?

Сподели

 

Утрово во унгарските медиуми се појави фотографија на Никола Груевски, за кој се вели дека е приведен на рочиштето по барањето за екстрадиција кое беше поднесено од Македонската страна.

Медиумите јавуваат дека рочиштето е зад затворени врати, а порталот Index.hu објави и фотографија на која се гледа како екс-премиерот ги носи и наочарите за кои велеше дека се 300 евра, а опозицијата тврдеше дека се над 60.000 евра.

Македонија бара екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот во случајот на СЈО, „Тенк“ и за настаните кои се случија во Собранието на 27 април 2017-та година, за што е осомничен дека бил организатор.