Сеад Кочан на 17. јули треба да се појави во затвор

Сподели

 

Кривичниот суд одлучи да нема одложување на казната затвор за бизнисменот Сеад Кочан.

Кочан треба да се појави во затвор на 17. јули и да ја издржува затворската казна од 4 години и 8 месеци за случајот „Труст“.

Со пресудата е предвидена и конфискација во вредност од 17 милиони евра колку што тежи тендерот од ЕЛЕМ за ископ на јаглен од Суводол, кој го добил козорциумот од три фирми.