Кривичен суд одби да му се врати пасошот на Мијалков

Сподели

Од Кривичниот суд денеска соопштија дека е одбиено барањето за укинување на мерката за претпазливост која му беше одредена на Мијалков, и дека е одбиено барањето да му биде вратен пасошот.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, по добивање на целокупната документација поврзана со барањето, согласно Законските одредби се обрати до надлежното обвинителство од каде е добиено негативно мислење во однос на барањето.

Советот на одржана седница по разгледување и ценење на барањето имислењето на надлежното обвинителство донесе решение, со кое барањето го одби како неосновано. Против ова решение странките имаат право на жалба до Апелациониот суд во  рок од 3 дена“, соопштија од судот.