Сеад Кочан кој е правосилно осуден на затворска казна од 4 години и 8 месеци за случајот „Труст“ синоќа беше спроведен во затворот во Идризово.
Комисијата на барање на Кривичниот суд ја ревидирала медицинската документација на приватната болница за пациентот Сеад Кочан, и од стручниот увид било утврдено дека пациентот нема апсолутна индикација за болничко лекување, соопштија од Министерството.
Од МВР потврдија дека постапувале по судска наредба за неговото приведување која била упатена доцна синоќа, откако надлежниот судија за извршување санкции го одбил и неговото трето барање за одложување на издржување на казната.