ЗАЕВ: Ова е време за конечен пораз на „заробената држава“(ВИДЕО)

Сподели

 

Премиерот Зоран Заев се обрати со видео пред јавноста во врска со новиот Предлог-закон за Јавно обвинителство.

-“Сакам да ви се обратам по повод последните случувања поврзани со Предлог-законот за јавното обвинителство.

Ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите на режимот кој е зад нас. Ова е време во кое правдата стапува на сцена, време во кое не смее да има штедење во борбата против криминалот и корупцијата. Никој не е привилегиран и никој нема да биде амнестиран.

Го охрабруваме Јавното обвинителство да продолжи во оваа борба, без разлика до кого ќе стигне низ истрагата.

Ова е време за конечен пораз на „заробената држава“.” – изјави премиерот Заев.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/642370999606688/