Влегуваме во портокалова фаза – ДЗС со конкретни препораки

Сподели

 

Во следните пет до десет дена нашата територија ќе навлезе во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА фаза поради силниот Африкански бран кој ќе не зафати веќе од среда и ќе услови МНОГУ ВИСОКИ температури на воздухот и истите речиси насекаде ќе се искачуваат над 35 степени, во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат и до 40 степени додека од викендот па во текот на следната недела особено истите во најтоплите региони се очекува да се искачат и над 42 степени. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево повремено со мала локална облачност, исклучок ќе биде петок кога ќе има краткотрајно зголемување на облачноста и ќе има услови за краткотрајна нестабилност.

Поради високиот УВ ИНДЕКС и МНОГУ ВИСОКИТЕ температури на граѓаните импрепорачуваме да се заштитуваат и да пијат што повеќе течности, исто така да се избегнува мрсната храна и да се конзумира што повеќе зеленчук и овошје – соопшти С.Поповски.

Согласно најавите од УХМР за топлотниот бран што се очекува да ја зафати земјава во наредните денови Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) излезе со конкретни препораки.