Од денеска во Кривичниот суд треба да продолжат рочиштата по предметите на Специјалното јавно обвинителство, по судската ферија што почна на 15 јули.
За денеска, според најавата е закажано рочиштето за предметот Титаник, кој се однесува на изборни нерегуларности. За овој предмет има закажано рочиште и на 14 во среда и во петок на 16 август.
На денешното судење за случајот „Титаник“, адвокатот Петар Василев побара рочиштето да биде одложено, поради како што рече, новонастанатата ситуација во СЈО.
-Поради новонастанатата ситуација во СЈО и се што беше објавено во јавноста, се доволна причина да се одложи денешното рочиште. Немаме намера да ја одоговлекуваме постапката, туку да се даде простор се да се расчисти, рече адвокатот Василевски.
Судијата Осман Шабани, кој го води случајот „Титаник“ не се согласи.
– Има надлежен обвинител и тој ќе расчистува што треба да се расчисти. Ние не можеме да упаднеме во нивната надлежност. За тој предмет има надлежен обвинител. Освен тоа, зборуваме за случувања кои се предмет на друго обвинителство – рече Шабани.