Младиот Марко Пејчиновски утрово на својата фан страна на Фејсбук ги откри деталите за новиот подвиг, кој ќе се обиде да го оствари на 28 август.
“После испливани преку 1000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, браној, дожд, ладно и топло време, ОФИЦИЈАЛНО ви кажвам дека на празникот ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, јас ке пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид”. – напиша Марко на својот Фејсбук профил.
“Пливачкиот предизвик за оваа година е толку голем колку што е голема желбата моја за да им помогнам на децата со ретки болести. Нека биде мојата и ВАША желба.”
Здраво,
Конечно, сакам и јас нешто да објавам на мојата фан страна. После испливани преку 1000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, браној, дожд, ладно и топло време, ОФИЦИЈАЛНО ви кажвам дека на празникот ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, јас ке пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид.
Се глеаме на целта. Господ да ни поможит, мене и на сите!
П.С. Поздрав од мама, ве чекат на нервно, да ја посетите со сок и чоколада, без гаранција дека ќе ве препознајт – напиша Марко Пејчиновски на својт фб профил..