Претседателот Пендаровски го честиташе Денот на рударите

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски, денеска беше во посета на Македонска Kаменица и на рудникот Саса.

Претседателот го честиташе Денот на рударите и Денот на општина Македонска Kаменица, а на православните христијани им го честиташе празникот Успение на пресвета Богородица.

 

 

„Рудникот Саса е компанија која прва во својата област ги доби сите сертификати за заштита на вработените и за заштита на човековата околина. Во ова време кога сите трчаат по профит, сите треба да го следат нивниот пример. Драго ми е што во Република Северна Македонија има компанија која работи по највисоките светски стандарди и која се грижи  за заштита на човековата средина,  за вработените и за локалната заедница. Вакви примери ни требаат што повеќе. Да им оддадеме признание и апелирам да бидат пример и за другите“, изјави претседателот Стево Пендаровски при денешната посета на Македонска Kаменица и на рудникот Саса.