Судењето е закажано против пет лица кои се наоѓаат во затвор во американската воена база Гвантанамо на Куба, под обвинение дека ги планирале и подготвувале нападите на 11 септември во 2001 година во САД.

САД ја сомничат групата предводена од Пакистанецот Калид Шеих Мохамед за воени злосторства вклучувајќи и тероризам, киднапирање и убиство на околу 3000 луѓе.