ТЕШКИ МИЛЈАРДИ ЗАГУБА ПОРАДИ БЕДНАТА ПОЛИТИКА – Мерсел БИЉАЛИ

Сподели

Република Македонија од крстопат до слеп пат

 

12991102_1232195146830571_5122615691705132138_n

 

Добрите познавачи сметат дека поради лошата владина политика, државата неповратно има загубено околу седум милјарди директни инвестиции, а десет пати повеќе ако се има предвид дека тие проекти би се користеле со векови. Ова е доказ дека што можат да расипат неколку болни умови не може да поправат милион здрави умови.

Во јуни 2002 година, Европската Унија го формира – Регионалниот Балкански инфраструктурен транспортен проект – REBIS (Regional Balkans Infrastructure Study), кој се однесува на балканските држави: Албанија, Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора и Косово. Целта на REBIS е да им помогне на овие држави во развојот на кохерентни развојни стратегии во транспортната инфраструктура (железници, патишта итн). Овој проект посебно е фокусиран на развојот на регионалната основна мрежа која е поволна за меѓународно финансирање, каде што особено се вклучени врските меѓу сите седум главни градови и други важни градови во регионот плус Бања Лука. Исто така, тој е фокусиран и на пристаништaта Солун, Драч, Риека, Сплит, Дубровник, Плоче, Бар и Валона.

Основната мрежа вклучува околу 6.000 км патна мрежа (од коридорите IV, V, VII, VIII и Х), и 4.300 км железничка линија, но и бројни други проекти. Транспортна и енергетска инфраструктура во Југоисточна Европа – TEISEE (Transport and Energy Infrastructure in South East Europe) е проектот со кој Европската комисија ги има дефинирано основните транспортни мрежи во регионот при што, во главно се концентрирала на економско исплатливи транспортни проекти за целиот регион.

Соодветно со проектот REBIS, беа предвидени да се потрошат над 2.5 милијарди евра, од кои најголема сума во патни проекти. Деталната селекција на железничките проекти за среднорочни планови ќе зависела од подготовката на опфатени бизнис-планови од железнички компании. Планирањето би требало да ги вклучи државните и регионалните интереси и би требало да се наблудуваат и координираат низ SEETO (South Eastern Europe Transport Observatory). Практично оваа институција ја анализира и политичката состојба на секоја држава поединечно. До крајот на 2017 година беа предвидени да се потрошат над 4 милјади евра, а долгорочно над 12 милјарди евра.

Ни бега ли Коридорот 8?

Еу продолжува да инвестира во компоненти на Коридорот 8 во Бугарија и Албанија, но слабо во Македонија. Имено, има силни инвестиции во пристаништето Драч (Durrës) во Албанија што претставува излез на Јадранското Море за Коридорот 8. А Бугарија веќе ги спрема пругите за брзина од 200 км на час. Исто така евидентно е дека патната мрежа на К8 претрпува суштински измени. Првин, владата на РМ, освен што самата водела катасрофална политика, таа на важни регионални средби, наместо врвни експерти праќала партиски кадри за да земат дневници. На тие средби вообичаено беа пратени низок ранг или професионално некомпетентни кадри. Така што државата е доведена од – регионален крстопат до балкански слеп пат. Таа со својата политичка индиферентност и некохерентност практично го елиминира од европскиот приоритет македонскиот дел на „Коридорот 8“ (со сите негови пропратни компоненти). Загубата е тешки милјарди, не само поради непотрошените пари и неизградените објекти, туку и поради транзитната такса која ќе беше во просек околу 80 милиони евра годишно, а ќе се отвореа и голем број работни места во – одржувањето на инфраструктурата, угостителски услуги, бензински пумпи, механичарски услуги итн. Но, нашата власт цело време се посветува на негативниот популизам и прекројување на некоја нова историјата секако чудна колку и нејзиното водство, што резултираше во огромни финасии фрлени во гипс и бетон. Барем да беа тие пари инвестирани во јавно здравство, сега државата ќе беше регионален медицински центар и милиони заработка.

Како замена за пропаднатиот К8 кај нас, Грција веќе ја доврши својата верзија на „Виа игнациа“(автопатот од турска граница до Игуменица) со 76 тунела и 1,650 мостови. Од друга страна Албанија има изградено исто така модерен автопат од Драч до Морина, кој автопат продолжува до Приштина, а наскоро ќе започнат работите на автопатот Приштина – Ниш па се до Софија и со тоа се создава прстен околу Македонија и за жал по своја вина е претворена во слеп пат.

Дали Македонија ќе го загуби својот краг во ТАП (TAP)?

 Овај гасовод со помош на мега-гасоводот TANAP ќе транспортира природен гас од Азербејџан, односно од полињата “Шах Дениз II” до турско-грчката граница, па од таму со помош на ТАП низ Грција и Албанија до Италија. Имено ТАП ќе помине низ северна Грција, јужна Албанија и јужен Јадран и ќе биде поврзан со eвропската гасоводната мрежа во јужна Италија (Бриндизи). Владите на Грција и Албанија му дадоа безрезервна поддршка на овај проект што веќе се гради, сметајќи го истиот за најголема енергетска инвестиција на Балканот во последните 100 години. За државите низ кои поминува овај гасовод, проектот нема големо значење само поради транзитниот профит, снабдувањето со ефтин енергенс и бројни работни места, туку и пради тоа што тие држави ќе се здобијат со силна регионална геополитичка позиција.

Се предвидува поектот да има два крака. Првиот ќе биде – Јонско јадрански гасовод IAP (Ionian Adriatic pipelines) во должина од 516 километри, кој од Албанија ќе продолжи за Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, додека вториот крак (WBR – Western Balkan Ring), од Албанија се приклучува во Струга и продолжува низ Македонија, потоа за Косово и Србија. Тука Македонија добива транзитна позиција за разлика од веќе пропаднаатиот руски проект „Јужен тек“ кој на државата и нудеше само крак за снабдување, а и тоа не беше сигурно. Веројатно тоа е подарок од „странските служби“ што и посакуваат „лошо“ на Македонија? Дали и овај пат водството на државата пак ќе работи против интересите на својата држава? За жал, ретардирано водство со ептен ретардирана политика од држава лидер во регионот направила – ретардирана држава. Таа е претворена во амбиент каде што поризично е да си чесен отколку криминалец.