Растргнати во брзање – Тадеуш РУЖЕВИЧ

Сподели

513c2b2f-4ecd-4711-b9a9-ffc354d5744c

Растргнати во брзање

Како ние се сакатиме
растргнати во брзање
взаемно сурови
сосредоточено будни
непогрешиви при задавањето удари

забиваме едни во други
острици острени
дење и ноќе
лежиме во мракот
со малите затворени
усти од лед

лежиме крај заборавените тела
а секој од нас зборува за себе
каква мака
и чуму сево ова
зборуваме во себе
мрдајќи со усните