“Чест ми беше во очи на Денот на независноста да бидам домаќин на учениците од ОУ „Коле Неделкоски“, со кои заедно ја проследивме промената на државните знамиња пред Владата, која редовно се реализира од армиската Гарда, пропратена со интонирање на државната Химна.
Се радувам што нашите умни млади ученици, иднината на Северна Македонија, точно знаеа зошто се слави Денот на независноста и што претставува празникот 8.септември за нашата Татковина.
Денешна Република Северна Македонија ја стекна својата независност како Република Македонија на 8 септември 1991 година, што беше резултат на одговорноста и посветеноста на генерации граѓани кои се бореа за слобода и сувереност. Нивниот ангажман е инспирација за нас денес и за идните генерации” -изјави премиерот Заев.
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/424561744842085/