АППТ: Нови авионски линии од Анкара, Измир и Истанбул до Скопје и Охрид

Сподели

 

Како резултат на претставувањето на туристичките потенцијали на државава и учеството на саемот за туризам во Измир минатата година како земја-партнер, #АППТ ја продолжи промоцијата преку информативното патување кое претставува можност за отпочнување на соработка помеѓу бизнис секторот на двете земји, и нивно запознавање со нашата култура, традиција и историја. Ова директно ќе се одрази и на зголемување на бројот на туристи и ноќевања на гости од Турција, а дополнително најавени се и нови авионски линии до Скопје и Охрид од аеродромите во Анкара, Измир и Истанбул.

Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а во соработка со ТУРСАБ и Aegean Regional (Асоцијација на турски туристички агенции), дваесет туроператори од Турција денес одржаа бизнис состаноци со туристичкиот сектор од Република Северна Македонија.

Како резултат на претставувањето на туристичките потенцијали на државава и учеството на саемот за туризам во Измир минатата година како земја-партнер, АППТ ја продолжи промоцијата преку информативното патување кое претставува можност за отпочнување на соработка помеѓу бизнис секторот на двете земји, и нивно запознавање со нашата култура, традиција и историја. Ова директно ќе се одрази и на зголемување на бројот на туристи и ноќевања на гости од Турција, а дополнително најавени се и нови авионски линии до Скопје и Охрид од Анкара, Измир и Истанбул.

Според досегашното искуство, турските туристи најмногу се заинтересирани за југозападниот дел од Македонија (чаршиите во Скопје, Битола и Охрид), отоманските споменици на културата, но и за македонската традиционална кујна и вино. Согласно тоа, туроператорите од Турција за време на престојот во земјава ќе имаат можност за посета на овие дестинации, вклучително и винскиот регион.

Зголемениот број на авионски линии значи поедноставена можност за патување на турците кон Република Северна Македонија и обратно, а интересот е резултат на добрата соработка во минатото и историската близина поради која сеуште постојат силни семејни и пријателски врски.

Бројот на турски туристи за период јануари-јули 2019 година е 65.403, додека бројот на ноќевања во истиот период е 96.325. Според бројот на гости и ноќевања, турците најмногу го посетиле скопскиот, а потоа југозападниот регион.