Леонардо Ди Каприо ќе сведочи на суд поради филмот „Волкот од Вол Стрит”

Сподели

Ендрју Грин, поранешниот извршен директор на брокерската куќа „Стратон Оакмонт”, бара 25 милиони долари оштета.

thumbs_b_c_d7e9806282567b5ed73bd1c68655c7b2

ЊУЈОРК (АА) – Славниот американски актер Леонардо Ди Каприо ќе сведочи на суд поради филмот „Волкот од Вол Стрит” (The Wolf of Wall Street) за тужбата која Ендрју Грин ја поднесе против продукциската куќа на филмот бидејќи во него бил наводно „наклеветен” , пренесува Anadolu Agency (AA).

Ендрју Грин, поранешниот извршен директор на брокерската куќа „Стратон Оакмонт”, бара 25 милиони долари оштета. Тој ги тужи “Paramount”, американската компанија за производство и дистрибуција на филмови, поради начинот на кој го прикажале неговиот лик во улогата на Ники „Рагрет“ Коскоф, кој го глумеше П.Ј Брн.

Грин тврди дека во филмот е претставен како „криминалец и губитник без морал, кој обожавал дрога и проститутки”. Тој изјави дека во филмот е нарушена неговата репутација при што го напуштила и неговата вереничка.

Ди Каприо, кој инаку е копродуцент на филмот и главен лик, според Грин бил запознаен со сценариото и ја „носи одговорноста” како и продукцијата.

AA.COM.TR