Отварањето на најголемиот меѓународен аеродром Дасинг во Пекинг, по пет години изградба, е предвидено за 30. септември, ден пред 70-годишнината од Народната Република Кина, по речиси пет години изградба. Тоа ќе биде најголем аеродромски центар во светот, објави RT. Аеродромот се наоѓа на 46 километри јужно од плоштадот Тјенанмен во Пекинг, и се очекува да прима до 45 милиони патници годишно до 2021 година, а 72 милиона до 2025 година.
Новиот аеродром, кој чини 80 милијарди јуани (11,3 милијарди долари) и чија изградба траеше пет години, се очекува да стане најголемиот терминал во светот, бидејќи има површина од 700.000 квадратни метри. Меѓународниот аеродром Дасинг зафаќа површина од околу 47 квадратни километри, со четири писти и 268 места за слетување на авионите.
Аеродромот е дело на британско-ирачкиот светски познат архитект Заха Хадид, почината во 2016 година. Во приземјето се наоѓа железничка и станица за градски сообраќај, преку кои патниците за 20 минути можат да стигнат до центарот на Пекинг.