Квотите за лекови на рецепт од утре се укинуваат

Сподели

 

Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт во аптеките, од утре, 1 октомври, граѓаните од целата држава ќе имаат достапни лекови во било кој период од месецот. Ова е една од мерките за унапредување на здравствениот систем, бидејќи секогаш на прво место се интересите на граѓаните.

 

Од утре се укинуваат квотите за лекови во аптеките, што значи дека лековите коишто се на товар на фондот пациентите ќе може да се набават во аптеките преку целиот месец. Мерката беше најавена уште пред неколку месеци, а незиното стапување во сила денеска го најавија премиерот Заев, првите луѓе од Фондот за здравство и ресорниот министер, Венко Филипче. Новна во оваа мерка е што граѓаните при подигањето на лекот ќе треба да се легитимираат.

„Граѓаните ќе може да добијат лек од која било аптека во кое било време без разлика дали е почеток или крај на месец. Се елиминираат редовни турканици во првите денови од месецот заради препишување на рецепти. Легитимирањето сепак не значи дека постарите лица кои не моат да дојдат до апетка и помладите до 18 години ќе останат без лековите. Во нивно име ќе ги подигнат нивни блиски, рече Дончев.