ИЗЈАВИ: МАЈА ПАВЛОВСКА

Сподели

12376546_10206531253653306_4820477770188673362_n

Во последниве неколку години, а особено откако преку аудио снимките на опозицијата се разоткри на кој начин владеела оваа власт, се повеќе слушам од мои сограѓани дека им е срам. Не, драги мои. Срамот не е наш! Срамот останува како печат во душата на сите оние кои ја донесоа нашата прекрасна земја до ова дереџе. Секој што се дрзна да им го одземе и последното залче на граѓаните, за себеси да си изгради империја, ќе мора да одговара за своите постапки, пред истиот тој народ. Империја не се гради со туѓи пари. Краток е векот на таквата империја. Секој достоинствен граѓанин со барем трошка свест, а не понизен слуга, во овој момент треба да застане гордо зад опстанокот на сопствената земја, против оваа, како и против секоја следна власт, која ќе проба да владее на сличен начин. Патриотизмот по дифолт не е одбрана на луѓето од власта, кои доаѓаат и си одат, туку е будност, критика и спречување на секоја нивна најмала грешка. Само така се гради нормална држава, а да живееме сите заедно, конечно во една нормална држава, не е само наше право, туку и обврска и за нас и за сите генерации кои доаѓаат. Ете, тогаш срамот ќе биде наш, доколку не застанеме против оваа агонија!