Русковска денеска ќе поднесе обвинение за „Рекет“

Сподели

 

Лицата кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост во врска со случајот „Рекет“ денеска се повикани во Основен кривичен суд Скопје да се произнесат пред судија на претходна постапка.

“Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка вчера беше спроведено едно лице со предлог за определување мерка притвор. По ценење на фактите и доказите во предлогот, произнесување на странките како и ценење на личните и семејни услови на осомниченото лице, судија на претходна постапка донесе решение со кое на Ј.М. и определи мерка куќен притвор како и дополнителна превентивна мерка – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница , заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП” – соопштија од Основениот кривичен суд Скопје.

Во него се додава дека, што се однесува до останатите лица опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост, согласно законските одредби во текот на денов се повикани да се произнесат во однос на предлогот пред судија на претходна постапка.

Пред судија денеска треба да се појават тројца од новите осомничени: Фросина Ременски, татко му на Бојан Јовановски – Боки 13 и асистенката.

Обвинителката Вилма Русковска по исказот на Мандиќ рече дека кај тројца осомничени во проширената истрага е определен налог за претрес. Обвинителката посочи и дека еден од осомночените побарал спогодба за првиот дел од истрагата. За претеничката Фросина Ременски, Русковска рече дека се определени мерки на претпазливост, односно одземање на патна исрпава, забрана за напуштање на престојувалиштето и еднаш неделно да се јавува во судот.