Заменик министерот за здравство Асим Муса денеска се повлече од функцијата откако во јавноста излезе видео снимка, каде тој зема мито од пациент.
За објавеното видео тој рече дека станува збор за разговор во кој тој го информира „пациентот“ за интервенција за странски граѓанин која кај нас е приватна и му кажува колку би бил можниот износ на истата.
– Секој граѓанин од Албанија кому сум му служел, секој пациент и мој соработник знае дека ова е намерна стапица за да им се наштети на мојата лична и професионална фигура. Нема да дозволам овие 23 години инвестиции во професионалноста и семејниот кредибилитет да биде нарушен со ваква намерна стапица, бомбастични информации со лажни наслови, кои не се реални, а тоа може да се види од снимката.– рече Муса негирајќи какво било земање мито.
“Донесов одлука да се повлечам од функцијата заменик министер и да ја расчистам оваа дамка. Но, ќе продолжам и понатаму да им служам на граѓаните со иста искреност, скромност и посветеност“, изјави заменик министерот за здравство, Муса.