На денешен ден, пред дванаесет години македонскиот пејач Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа кај местото Нова Градишка, во Хрватска, на 26-годишна возраст.
Во чест на Тоше, и оваа година маратонци тргнаа од Нова Градишка и се упатија кон Крушево, неговиот роден град и местото каде почива.
Тоше Проески беше најголемата музичка ѕвезда во Македонија, а талентот и ангажираноста во хуманитарни цели го направија ѕвезда и надвор од границите на нашата држава.
Со Тоше Проевски сите бевме сплотени во едно срце. Тој со својот ангелски глас ширеше позитивна енергија и неговите песни беа обележје на љубов, хармонија и радост.
Тоше велеше: Ве сакам сите! Ние секој ден го слушаме и го сакаме до вечност.