Британија го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО

Сподели

 

Британија денеска го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Протоколот го потпиша британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб, кој на својот Твитер профил објави дека ставил потпис на протоколот и дека со нетрпение очекува Северна Македонија и официјално да стане дел од НАТО и да помогне во промоција на меѓународниот мир и безбедност.

Британија е 24 земја членка на НАТО што го ратификуваше протоколот.