На престижното Фиренца Биенале 2019 година, вчера му беше доделена големата награда „Лоренцо ил Магнифико“ за животно остварување на Мице Јанкуловски.
На церемонијата на доделувањето на наградата присуствуваа и зедоа збор за творештвот на Јанкуловски: проф. Манос Стефанидис, Грција – уметнички критичар и публицист Мати Грунберг, Израел – уметник (скулптор) колега и пријател Роберт Алаѓозовски – национален координатор за развој на културата и меѓународната соработка на Република Северна Македонија,
Александар Наумовски – градиначалникот на општина Ѓорче Петров, Скопје – каде Јанкуловски живее.
Големиот медал „Лоренцо ил Магнифико“ на Мице Јанкуловски му го доделија основачите не Биеналето Пасквале и Пјеро Челона, а мотивацијата за доделената награда ја образложи Мелани Зеферино, куратор на Фиренца Биенале 2019.