Јубилејот од половина век период од одржувањето на првата боксерска манифестација го става “Златен гонг” на позиција на македонски спортски бренд, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски на прес конференција во АМС.
Каевски додаде дека оваа манифестација дава посебен допринос во развој на македонскиот спорт благодарение на напорите на боксерската федерација, но и благодарение на освојувачите на златниот гонг низ годините што изминаа, а кои боксуваа за нашата држава: Вели Мумин, Аце Русески, Мустафа Алија, Реџеп Реџеповски, Гоце Јаневски, Примислав Димовски.
На прес конференцијата свое излагање имаше и секретарот на боксерската федерација Бранко Илиевски, како и селекторот на македонската боксерска репрезентација Хесус Сојет.
Манифестацијата ќе се одржи од 7 до 9. ноември во спортскиот центар “Борис Трајковски”, со учество на 8 држави.
Нашата репрезентација ќе настапи со четири боксери.