Шведска ги отфрли обвиненијата против Асанж за силување

Сподели

 

Шведското обвинителство, откако ги разгледа доказите, се откажа од истрагата по обвинението за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ставајќи ѝ крај на истрагата која започна во 2010 година, пренесе Ројтерс.

Асанж седум години ја избегнуваше екстрадиција во Шведска, откако побара прибежиште во амбасадата на Еквадор во Лондон во 2012. Асанж претходно годинава беше протеран од амбасадата,а веднаш потоа и осуден на 50 недели затвор затоа што ти прекршил условите пропишани со кауцијата во 2012.

Тој во моментот се наоѓа во притвор во Лондон.

Асанж се соочува и со обвиненија во САД за објавување тајни документи.