Иницијатива “Стоп за извршителите”: Ревизија и разрешување на извршителите

Сподели

 

Иницијативата „Стоп за извршителите“ денеска со протест пред Министерството за правда, бараа итни измени на Законот за извршување.

Од иницијативата „Стоп за извршителите“ не се задоволни со законските измени, оти тие не важат ретроактивно. Бараат комплетна ревизија на работењето на извршителите.

„Оваа власт го смени трошковникот, но, тој не е ретроактивен, туку важи само за случаи од 2019 година па натаму. Не и претходно, па затоа извршителите си ги чуваат извршните налози како старо вино во подрум и ги активираат после девет години на пример, а тие веќе нараснале со огромни камати. Значи, луѓето овде веќе не можат да живеат, се работи за геноцид, се работи за една третина од плата и пензија, што е премногу“, рече Ана Глигорова – Иницијатива „Стоп за извршителите“.

Од Министерството за правда велат дека со ланските измени во Законот за извршување, намалени се трошоците за извршување, а по претставки се врши и теренски надзор по извршителски канцеларии. Досега, годинава имало само едно разрешување на извршител.