НАСТАНИ: ИНДОНЕЗИСКА КУЛИНАРСКА РАБОТИЛНИЦА

Сподели

MDindoneziskakulinarskarabotilnicarabotilnici

Public Room, Почеток на работилницата:  29 Јуни, 18:00ч

“Индонезија со своите многубројни острови, развила кујна богата со најразлични вкусови и состојки.Со моето индонезиско потекло готвам индонезиска храна со години и би сакал да го споделам моето знаење и искусто со Вас. Запознајте ја оваа интересна кујна во тричасовната работилница, во која ќе Ви покажам како се готват неколку индонезиски јадење и како да ги комбинирате во вистинска индонезиска табла од ориз.

Видете ги и пробајте ги различните состојки, најдете соодветна замена за оние што можат тешко да се најдат и измешајте ги во вкусни и интересни оброци.

На крајот на работилницата ќе Ви дозволам се разбира да ги пробате сите подготвени јадења и ќе поминам извесно време со Вас да можете да ме прашате се што Ве интересира во врска со индонезиската кујна.

Paul Houthuijzen

Цена на работилницата: 700 ден.