Нови мостови за соработка на Државниот архив со Турција

Сподели

 

Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески оствари официјална средба со директорот и програмски координатор на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Ајтекин Ајден. Во разговорот обострано беше изразено задоволството од досегашната соработка меѓу државните архиви на двете земји, а стана збор и за нови можности и форми на идната соработка. Директорот д-р Емил Крстески го информира Ајтекин Ајден дека во рамките на новата систематизација на нашиот Архив ќе биде формирано ново одделение за османлискиот период и дека се планира изложба за историските врски меѓу двете земји, која се планира да биде отворена за време на посетата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на нашата земја што се планира за идната година.

На средбата стана збор и за дигитализацијата на архивските документи во Државниот архив, за што од турска страна е изразена готовност за пренесување на турските искуства и е дадена поддршка за процесот на неговата реализација.