Француски експерти со помош и поддршка за процесот на дигитализацијата на архивските материјали

Сподели

 

Директорот на Францускиот институт во Скопје, Емануел Рембер го посети Државниот архив и оствари официјална средба со директорот д-р Емил Крстески. На средбата главно се разговараше за соработката на ДАРСМ со Француските државни архиви, како и за новите процеси на осовремeнување на архивите во Европа.

Од француска страна беше предложена помош и поддршка за процесот на дигитализацијата на архивските материјали во ДАРСМ со предлог во Скопје да дојдат француски експерти за процесот на дигитализација и да му дадат стручна помош на Државниот архив.