Општина Крива Паланка, “ПАТУВАЧКА ИЗЛОЖБА”, 18. декември
„АРТ ФЕМ“ проектот е производ на согледување на непостоењето на активистички феминистички мрежен центар, кој ги унапредува правата на уметничките, им дава можност за изразување и вмрежување и позитивно ги дискриминира приклучувајќи ги во јавниот културноуметнички живот.
ПАТУВАЧКА ИЗЛОЖБА на Дороти Пачкова, е изложба на уметнички дела, настанати под предизвичкувачки околности, пристигнати во Македонија, со поддршка на мрежа на балкански солидарни женски центри, преку Босна и Херцеховина и Црна гора.
Со ова се започнува претставување на мрежното функционирање на Центарот за слобода и култура, на жени и девојки уметнички од регионот, со поддршка на повеќе музеи и галерии од целата земја, со поддршка на Министерство за култура на Р.С.М. преку Нов културен бран 2019, и секторот за спорт и млади при град Скопје.