ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, поинтензивни во попладневните часови. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 25л/м2) и поројни во форма на невреме. Ќе дува умерен, а на повеќе места засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а дневната температура од 7 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, поинтензивни во попладневните часови. Утринската температура ќе достигне до 7степени, а дневната температура до 12 степени.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален дожд, а на планините снег. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.