Во катната гаража „26-ти Јули“, вчера беше отворена Skopje street art & graffiti gallery 2, а Скопје доби уште едно ново урбано обележје.
Новата галерија ја разубавуваат дела на 13 домашни ликовни уметници и артисти од полето на урбаната уметност коишто твореа во организација на Младинскиот културен центар и Град Скопје. На ѕидовите на катната гаража се наоѓаат делата на: Андреј Павлов, Блаже Атанасков, Владимир Илиевски, Владимир Милиќ, Гоце Илиевски, Дејан Давчевски, Драган Китановски, Ивана Мојсовска, Ирина Атанаскова – Цоневска, Максим Димитров, Марјан Димиќ, Марко Вујисиќ и Тамара Забазноска.
Галеријата е дел од проектот CreArt (Network of Cities for Artistic Creation), кој претставува мрежа на 12 партнерски градови и институции (меѓу кои и Градот Скопје), а се реализира во рамките на програмата Креативна Европа.