СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во 2019 беше најголемиот кочничар на реформите и напредокот

Сподели

 

2019 година останува запаметена и по тоа што ВМРО-ДПМНЕ беше најголемиот кочничар на реформите, мерките и политики што се ви интеррес на граѓаните.

Фактите непобитно зборуваат дека заканата за иднината на земјата доаѓа токму од ВМРО-ДПМНЕ која се обидуваше да го закочи прогресот на сите полиња.

Во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочеа донесувањето на законските измени за зголемување на пензиите за повеќе од 700 денари месечно, на над 320.000 пензионери.

Беа и против покачувањето на минималната плата и решавањето на статусот на дополнителeн број стечајци.

Кочат сѐ што значи повеќе пари кај граѓаните, повеќе пари во семејствата. Кочат сѐ што не е по планот на Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против унапредување на демократијата. Поднесоа илјадници амандмани само за да спречат една изборна единица, затоа што се плашат од гласот на граѓаните.

Не го поддржуваа ниту Законот за одбрана, една од нашите обврски во однос на НАТО членството. Лицемерно велат дека им пречело уставното име, истото име под кое ВМРО-ДПМНЕ членува во Европската народна партија.

На скоро 100 дена до избори, не се знае за што се залагаaт ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски. Освен блокади, кочења и деструкција, тие немаат програма, не нудат ништо што е во интерес на граѓаните.

Затоа, на 12 април Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов изборен пораз. На 12 април граѓаните ќе ги казнат нивните деструктивни политики и ќе потврдат дека сме на прав пат – стои во соопштението на СДСМ.