Национална галерија ги честита христијанските празници Бадник и Божиќ

Сподели

 

Со желби за среќа, мир и благосостојба Националната галерија ви ги честита големите христијански празници Бадник и Божиќ.

На 7. јануари православните христијани го слават Божиќ, и тој ден е неработен за сите граѓани. Божиќ е ден на раѓањето на Христос, и празникот носи симболики во начинот на славење.

Денот пред Божиќ, е Бадник, според јулијанскиот календар, секогаш се паѓа на 6. јануари, и се украсува домот со бадникови гранчиња, во очекување на Христовото раѓање, со посна но свечена трпеза, сплотеност и хармонија во семејството. Истовремено, со ова завршуваат божикните пости.

Бадниковото утро започнува рано со песните на децата-коледари, кои се симбол на ангелите, кои со песна го најавуваат Христовото раѓање,и според овој обичај, одат од куќа до куќа, каде што се дарувани со бомбони, ореви, костени, јаболка, парички и сл. за здравје и бериќет.

#НиколаМартиноски,
Коледари, 1951
масло на платно, 110х90 см

Сликата е дел од Колекцијата на Националната галерија.