Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, денеска соопшти дека не планира да си поднесе оставка доколку Британците на утрешниот референдум одлучат да ја напуштат Европската Унија.
– Тоа е проблем на британскиот народ – рече портпаролот на Јункер, Маргаритис Схинас, додавајќи дека Јункер не се ангажирал во кампањата бидејќи комисијата не била и не е дел од кампањата во Британија.
Јункер претходно ги предупреди Британците дека со излегувањето од ЕУ ќе си нанесат штета себеси, но и ќе го загрозат европскиот проект.