Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли по средбата со спикерите на парламентите од западниот Балкан повика на нов поттик за проширувањето на ЕУ кон регионот и одржување на ветувањата.
„Го повикуваме Европскиот совет да продолжи да ја поддржува европската перспектива за западен Балкан врз основа на исполнување на пристапните критериуми и да испрати недвосмислена и позитивна политичка порака за отворањето на претпристапните преговори и доделувањето кандидатски статус, итно е потребен нов поттик за процесот на проширување преку испорачување конкретни резултати“, и додаде дека очекува претстојниот мајски самит на лидерите во Загреб да одигра клучна улога за проширувањето во Унијата.
Вицепремиерот Бујар Османи, изјави дека е важно одлуката за отпочнување на преговорите со ЕУ да биде донесена во март, како признание за напорите на Владата, односно одлуката да биде донесена на мартовски самит на ЕУ, односно пред изборите во април.
“Ако не ни дадат датум за преговори во март тоа е мешање на ЕУ во изборите” – изјави Бујар Османи.